Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека во тек е опсежна истрага за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, но дека во ниту една земја не е можно да се спроведе сериозна истрага за 14 или 15 дена.
Брнабиќ ги отфрли тврдењата на опозицијата дека власта „купува време“ и изјави дека одговорните треба да одговараат, но не со насилство.
„Никој не купува време. Овде се водат сериозни и опсежни истраги, кога ќе ја погледнете сам проектната документација, некој не може да ја помине целата документација за 15 дена, да провери кој се потпишал, кој ставил печат, што се е направено….Не можете да ги погледнете сите тие договори за 17 дена, покажи ми ја земјата каде што е направено за петнаесет дена“, вели Брнабиќ.
Според Брнабиќ опозицијата не презеде одговорност кога беше на власт, но очекува актуелната власт да ги „приведе сите луѓе“.
По повод активностите на опозицијата, таа рече дека организирањето протести на кои, како што наведе, Градското собрание во Нови Сад беше посипано со фекалии и газено српското знаме, не е политика, туку злоупотреба на трагедијата.
„Секако дека сте тажни, секако дека сакате одговорните да одговорат“, рече Брнабиќ, додавајќи дека одговорноста не треба да се бара преку насилство и дека трагедијата не треба да се злоупотребува.
Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември, при што загинаа 14 лица.