(ВИДЕО) Мециновиќ: Буџетот за 2025 е „уличарски“ – наменет за прикривање на неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ

Од:

На вчерашната седница на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, се осврна на една од главните намери на Предлог-буџетот за 2025 година, односно финансирањето на општините за реконструкција на улици во пресрет на локалните избори.

Оттука, пратеникот Мециновиќ Предлог-буџетот го нарече „уличарски“: „По тоа што го слушнав од колегите од ВМРО – ДПМНЕ и од тоа што може да се види во Буџетот, ова нема да го кажам пежоративно туку описно – овој Буџет е „уличарски“! Милион улици набројавте. Па од 2021 што ви правеа градоначалниците 3 години? Што прават градоначалниците на ДПМНЕ 3 години? Знам што прават! Муцунски чекаше да стане министер и го задолжи Аеродром… ете тоа прават. И сега, ќе дојдат на ребаланс на буџет, улици, овој крак, тој крак. Абе луѓе, 3 години сте на власт на локално ниво, сега ви текна за улици? – праша тој.

Тоа значи дека во недостаток на визија, во недостаток на долгорочна економска политика, приоритетите на нашата Влада се да одговорат на изборната година и да освојат повеќе општини за и понатаму да може да продолжи агонијата на луѓето и испумпувањето на пари, потенцираше пратеникот од Левица.

„Ова е реалноста – уличарски муабет кој има за цел да вбризга пари во единиците на локалната самоуправа за да се подобри позицијата во општините каде што, очигледно, се негативни резултатите на градоначалниците на владеењето на ДПМНЕ. Значи, имаме општини каде што нема никаков развој и, еве сега, Собранието ќе ги поправа краковите на градоначалниците. Мислам, апсурдно! Наместо да зборуваме за развивање на производството на државата, ние улици разговараме. Тоа е визијата на ДПМНЕ, дотаму одат. Тие гледаат во тромесечија. Тромесечие и максимум една година, ако е изборна година и тука завршува визијата“ – поентираше пратеникот од Левица, Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Левица: Братучед на пратеничка од ДПМНЕ назначен за командир – продолжува непотизмот на Тошковски

Изет Меџити го крие труењето на народот со олово, арсен и цијанид во Крива Река, велат од Левица

Горан Наумовски

Пратениците од Левица ќе донираат повеќе од половина од мартовската плата за семејствата на загинатите во Кочани

Левица со низа мерки за заштита на граѓаните од системската корупција

Горан Наумовски

Избега пациент и се обиде да убие човек, Левица бара разрешување на Жан Лозановски – директор на болницата во Демир Хисар

А1он