Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска ја повика Германија да го укине статусот на Адолф Хитлер и другите нацистички криминалци како почесни граѓани на некои градови во земјата.
„Зарем не е време на Хитлер и на другите криминалци од Третиот Рајх да им биде одземен статусот на почесен граѓанин? Неверојатно е, но вистинито, што многу градови во Германија сè уште не го лишиле Хитлер или другите нацистички лидери од статусот на почесни граѓани“, рече Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.
Таа посочи дека градовите кои некогаш ѝ припаѓале на Источна Германија сепак му ја одзеле таа титула на поранешниот нацистички лидер, пренесува РИА Новости.