СДСМ: Во Буџетот 2025 има пет пати повеќе пари за купување мебел

Од:

Во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, поскапувањата на цените продолжува а власта вели дека нема пари за поголеми плати за работниците власта на ДПМНЕ и Мицкоски во Буџетот ги зголемува парите за купување мебел дури за пет пати. Во друга ставка, власта ги зголемува парите и за службени возила на владините функционери за дури 75 отсто, велат од СДСМ.

„За расипничката власт на Мицкоски граѓаните не се приоритет, нема пари за поголеми плати на работниците, нема повеќе пари за стандардот на граѓаните, нема повеќе пари за здравство, образование, социјала. Додека трупа огромни долгови врз грбот на граѓаните и го зголемува јавниот долг за историски најголеми 70%.
Единствен фокус на владата на Мицкоски се сопствените луксузирања, затоа толку многу пари мебел и возила. Со овој Буџет ниту ќе има раст ниту економски развој и ќе значи уште една загубена година“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот