Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Од:

Министерот за здравство и лидер на АА денеска повторно му препорача на лидерот на ДУИ Али Ахмети повеќе да се фокусира на реформите во партијата и на адаптацијата во опозиција, отколку да бара избори.

На новинарско прашање околу предвремени избори идната година , министерот за здравство рече дека догодина секако ќе се одржат, но, локални избори.

-Ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни, тука сме за да зборуваме и за тоа. Но, пред пет – шест месеци завршија изборите. Така што, јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку веднаш да бара избори. Оти ако се одржат повторно идната година, потоа повторно 2026 година пак ќе бара избори. Така да, ајде ние прво како Влада да ги реализираме проектите што се ветени. Дел од нив веќе се реализираат, подвлече Таравари.

Би можело да ве интересира

Тројца од повредените во кочанската трагедија и натаму се во критична состојба

Катерина Ѓуровски

Таравари: Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција

На домашно лекување одат 12 пациенти од вкупно 39 болнички згрижени по трагедијата во Кочани

Таравари: Утрово се разбудив со 50 пораки со прашања за оставка, останувам министер

Осуммина од повредените неделава треба да се вратат од странство, четворица се во критична состојба

Подготвен протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пациенти кои се лекуваат во странство

Предраг Петровиќ