Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека нема да се согласи на каков било прекин на огнот во Либан што не вклучува разоружување и повлекување на Хезболах северно од либанската река Литани или дозволување на жителите на северен Израел да се вратат во своите домови.
„Нема да правиме прекини на огнот, нема да ја тргнеме ногата од педалата за гас и нема да дозволиме некаков аранжман што не вклучува постигнување на целите на војната, а пред се правото на Израел да спроведува и дејствува самостојно против каква било терористичка активност“, рече Кац, пренесе Ројтерс.