ВИДЕО: Жесток напад на Киев, воздушна опасност во цела Украина

Од:

Во цело Украина рано утринава е прогласена воздушна опасност, а на жителите им е кажано да се засолнат. Андриј Јермак, главен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави на социјалните мрежи: „Путин сега започнува ракетен напад врз Киев“.

„Експлозии во градот. ПВО работи. Останете во засолништа!“, соопшти градската управа на Киев преку апликацијата Телеграм. Според украинската војска, во првиот ракетен напад по повеќе од два месеци, Русија користела крстосувачки ракети лансирани од стратешки авиони, како и балистички ракети.

Како што јави дописникот на Би-Би-Си, руските бомбардери Ту-95 истрелале околу 6 групи крстаречки ракети кон цели низ земјата.

Ројтерс известува за експлозии кои се слушаат во источниот дел на главниот град. Густ облак чад се издигнува на најмалку една локација, но се уште не е познато дали експлозиите биле резултат на работата на противвоздушната одбрана или проектилите ги погодиле нивните цели. Два борбени беспилотни летала Шахед беа забележани и над јужниот дел на градот. Властите се уште не известиле за жртви или материјална штета.

Градската воена управа на Киев предупреди дека електричната енергија би можела да биде исклучена бидејќи Русија продолжува да ја напаѓа енергетската инфраструктура пред претстојните зимски месеци.

На 26 август Русија ја нападна Украина со повеќе од 200 беспилотни летала и проектили, при што загинаа седум лица и беа погодени енергетските капацитети низ целата земја. Тој напад, според Киев, го претставувал „најмасовниот напад“ за време на војната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинските сили го одбија пробивот на Русите на фронтот кај Купјанск

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимен моментот кога Русите разнесуваат брана во Донецк

(ВИДЕО) Украина потврди: Почна масовниот руски напад, во налет се десетици илјади војници

(ВИДЕО) Украинците објавија видео: Запаливме руски хеликоптер Ми-24 во напад на Москва

Катерина Ѓуровски

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници