Украина со дронови го нападна Белгород: Од експлозија се запали резервоар за нафта

Од:

Во складиште за нафта во рускиот регион Белгород, еден резервоар се запали по напад на украинските вооружени сили, соопшти денеска гувернерот на тој регион Вјачеслав Гладков.

„Вооружените сили на Украина со дрон нападнаа складиште за нафта на територијата на градскиот округ Стари Оскол. Како резултат на експлозијата, еден од резервоарите се запали“, објави Гладков на мрежата Телеграм.

Пожарот бил брзо изгаснат, а во инцидентот нема жртви, пренесува РИА Новости.

Би можело да ве интересира

Москва: Киев не може да се согласи со обврските за решавање на конфликтот во Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Трамп: Зеленски ќе има големи проблеми ако се повлече од договорот за ретки минерали

Горан Наумовски

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Терехов: Харков е нападнат од руски беспилотни летала

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина