Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Од:

Две недели жителите на Кочани бараат решение од властите против енормно загадениот воздух во градот. На народен протест, две недели го блокираат патот до депонијата, којашто е главен извор на загадувањето. Оправданиот народен револт го потврдува и фактот дека бројот на болни од респираторни заболувања и канцер во Кочани се зголемува, велат од Левица.

Пратеникот од редовите на Левица – Борислав Крмов, го посети протестот неколку пати и изрази поддршка до борците за оваа битка. Во рамките на своите ингеренции, тој до Собранието поднесе информација за енормното загадување на амбиенталниот воздух, проблемот со градската депонија во Кочани и побара итно да се најде пред пратениците на Седницата закажана во вторник, информираат од партијата.

– Уставно загарантираното право на здрава животна средина е неспорно! Должност на државата е да го обезбеди истото. Оттука, барањата на жителите на Кочани се интегрален дел од документот доставен до Собранието, а пратеникот Крмов од пратениците и ресорниот Министер, ќе побара нивна примена и итно и неодложно разрешување на проблемот заради којшто граѓаните се со денови на улиците, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри