Червар: Победи срцето на Металург, срцето на Македонија

Од:

Металург го победи францускот првак ПСЖ со резултат 28:26, во второто коло од групата Ц во Лигата на Шампиони.

„Честитки за играчите. Целата екипа заслужува најголеми честитки, поради тоа што денеска и даде огромен подарок на публиката.

Играчите многу добро разбраа што им беше пораката. Често пати гледав кај моите играчи дека се потценуваат. А многу вредат, многу повеќе отколку што се покажуваат. Ова беше повеќе од игра, повеќе од топка. Треба повеќе самодоверба. Не е лесно да се игра против шампионски тим како ПСЖ. Игравме во одбрана 6-0 на почетокот, игравме подлабоко, а тие пронаоѓаа решение. Не можевме да поведеме. Срцето ги носеше играчите, помалку главата“, рече Червар.

Хрватскиот стручњак на клупата на металурзи нагласи дека на полувреме успеал да им влее дополнителен мотив на своите играчи и дека тоа бил клучниот момент за големиот триумф.

„Во второто полувреме се затворивме повеќе и тие губеа, тие кои се шампиони. Победи срцето на Металург, срцето на Македонија. Публиката беше фантастична. И благодарам на публиката. Навистина беше нашиот осми играч. Им благодарам на играчите.

Јас сум уште цврсто на нозе, скромноста е голема работа. Битно е да покажеме дека и ние нешто вредиме. Мило ми е што сум тука“, изјави Лино Червар, по завршувањето на натпреварот меѓу Металург и ПСЖ.

Тој не сакаша да издвојува поединци и како што рече, сите играчи беа фантастични.

За Наумче Мојсовски големата желба за успех пресуди во неизвесниот финиш бодовите да останат во Скопје.

„Благодариме на целата ваша поддршка. Мислам дека Металург заслужи да победи. Покажаа срце и македонски инает, упорност. Не многу добра игра за очи, досадна за противникот. На крај се радувавме.

Лино на полувреме рече дека секако мора да се респектира тимот, но мора и да се цениме самите себе си. Одигравме одлично второ полувреме. Благодарам на целата публика. Победата ја посветуваме на цела Македонија. Македонците знаат да играат ракомет и ќе покажат уште многу добри партии“, изјави Наумче Мојсовски.

 

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ