(ВИДЕО) Куцуловски: Меџити да излезе од својата канцеларија и да го реши проблемот со дивите депонии

Од:

Ова позади мене е најголемата дива депонија во Македонија се простира на седум хектари и се наоѓа во Општина Шуто Оризари, на само неколку километри од центарот на градот. Овој монструм позади мене континуирано расте. Советниците на Левица – Град Скопје, како и Зелен сектор, поднесоа барања до Град Скопје, Државен инспекторат за животна средина, како и Општина Шуто Оризари, да пратат надлежни лица и инспектори, да увидат што се случува на оваа локација, изјави Андреј Куцуловски од Левица.

– Бараме итна реакција од надлежните институции да се казнат тие што ја предизвикале оваа состојба и да се тргне од оваа локација. Дополнително, бараме од Министерот за животна средина и водостопанство – Изет Меџити, да излезе од својата канцеларија и да ги согледа состојбите во Македонија. Македонските граѓани секојдневно се соочуваат со еколошки катастрофи, од запалени депонии до загаден воздух, загадени реки и езера. Тој ако не знае да се справи со овие катастрофи, време е да си поднесе оставка, затоа што не се во опасност само природните живеалишта, туку и здравјето на луѓето – рече Куцуловски.

Би можело да ве интересира

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

Левица: Предлози за крај на дискриминаторската социјална политика и здравствена заштита за сите

Левица: Со Ристов на чело РКЕ ќе остане инструмент во рацете на бизнис – политичките структури

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он