Најмалку 42 лица загинаа, а над 100 се исчезнати, откако брод со патници и товар потона во реката Нигер, соопшти денеска нигериската спасувачка служба.
Бродот, на кој имало околу 150 луѓе, се прекршил на поливина и потонал, непосредно откако испловил од селото Малили.
На местотот на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи, кои се во потрага по тела или преживеани патници.
Како причини за несреќата се наведуваат преоптовареноста на бродот и надојдената река, по сезоната на дождови во оваа област.