Бајден: Му ветив на Трамп мирен трансфер на власта

Од:

Зборував со новоизбраниот претседател Трамп вчера за да му честитам на победата и го уверив дека ја упатувам целата моја администрација да работи со неговиот тим за да обезбеди непречена и уредна транзиција. Тоа е она што американскиот народ го заслужува, рече претседателот на САД, Џо Бајден.

“Америка има 250-годишна традиција на демократија. Волјата на народот секогаш преовладува. Му честитав на Доналд Трамп вчера и ќе се погрижам да се случи мирен трансфер на власта. Камала Харис мора да биде горда на кампањата што ја направи” – изјави Бајден.

„Мора да се прифати изборот што го направија Американците. Имаме одговорност да направиме што е можно повеќе во следните 74 дена“, рече Бајден во своето прво јавно обраќање откако Трамп прогласи победа на изборите во средата.

Тој оцени дека кандидатката на Демократската партија на изборите и актуелна потпретседателка на САД, Камала Харис водела добра кампања и се гордее со неа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина