Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу и американскиот државен секретар Џон Кери најавија создавање на светски фонд за борба против екстремизмот, објави турската приватна телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
Соопштението следи по вчерашната средба во Њујорк на Глобалниот форум за борба против тероризмот.
Форумот формиран во 2011 година, е предводен од Турција и САД и има 30 членови основачи, меѓу кои и земји од ЕУ.
Кери истакна дека целта на фондот е обезбедување ресурси за локални проекти, кои ќе помогнат во борбата против екстремизмот во светот.
Давутоглу и Кери нагласија дека Глобалниот форум за борба против тероризмот е идеално место за поефикасна соработка меѓу експертите во оваа област.
Според американските медиуми фондот се очекува да биде во вредност од 200 милиони долари.