Доналд Трамп денеска, по гласањето на Флорида, изјави дека е подготвен да го признае поразот од Камала Харис доколку изборите бидат фер, но е уверен во својата победа.
„Ако загубам на изборите, ако изборите се фер, јас ќе бидам првиот што ќе го признае тоа. Мислам дека досега беше фер“, изјави републиканскиот кандидат за Белата куќа.
Трамп, по гласањето во Палм Бич, Флорида, каде што дојде со сопругата Меланија, рече дека е „многу самоуверен“.
Тој рече дека неговата последна претседателска кампања била најдобра досега.
„Водев одлична кампања. Би рекол дека ова е најдобрата кампања што сме ја воделе“, рече Трамп.