Левица поднесе кривична пријава против градоначалникот на Росоман

Од:

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Кавадарци против Стојан Николов, градоначалник на Општина Росоман, поради злоупотреба на службената положба и овластување.

– Правниот сектор на Левица достави докази, како сериозни наводи за злоупотреба на јавни средства и незаконско ангажирање на Стаменов, лице кое веќе имало статус на пензионер.

Со ваквите незаконски постапки, Николов превземал дејствија со кои злоупотребувајќи ја својата службена положба – градоначалник на Општина Росоман, ги пречекорил своите овластувања и склучил работни договори со лице за кое знаел дека не може да биде вработен во општина Росоман, а со тоа му овозможил на Стаменов да се стекне со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на општина Росоман, во износ на вкупно договорениот надоместок за цело времетраење на договорите. Ги повикуваме надлежните органи преку транспарентна и непристрасна постапка да ја процесуираат оваа пријава со највисока професионалност. Левица ќе продолжи да се залага за одговорност и рационално трошење на јавните пари, а против расипничкото трошење на носителите на јавните функции кои се богатат врз грбот на граѓаните, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски