МБР извести дека вчера околу 10 часот на планинарска патека во планинскиот предел над селото Грекај, општина Маврово и Ростуше, при извршување службени задачи, полициски службеници од ОВР Гостивар пронашле две неексплодирани рачни бомби „кашикари“.
Бомбите биле безбедно подигнати од екипа на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Министерството за внатрешни работи.