Околу 93 проценти од Французите се на мислење дека Ромите лошо се интегрираат во Франција и истовремено 77 отсто мислат дека министерот за ватрешни работи Мануел Влас имал право да каже дека „Ромите не се интегрираат во Франција“, бидејќи „нештата треба да се кажат јасно“, јавува дописникот на МИА од Париз.
Ова се резултатите од испитувањето на инстутутот БВА за весникот „Паризиен“ и телевизијата Итв. Според ова испитување, само 5 проценти од испитаните одговориле дека Ромите добро се интегрираат во француското општество и 2 отсто не се изјаснуваат. Кај симпатизерите на десницата дури 98 проценти од испитаните мислат дека Ромите лошо се интергрираат, додека кај симпатизерите на левицата тоа го мислат 84 проценти.
Испитувањата, исто така покажуваат дека мнозинството од французите го поддржуваат министерот за внатрешни работи, бидејќи само 21 отсто мислат дека тој згрешил и „не треабло да стигматизира дел од населението“.