Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Од:

На територијата на државава се почувствувани два од регистрираните серија земјотреси со епицентри во Грција, соопшти вечерва Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала, а земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, стои во информацијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Тепачка за лежалка на плажа во Грција – почина 82 годишник

А1он

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари обвинети за убиство со евентуална умисла

А1он

Затвореник избега од болница во Грција

А1он