Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров планира да ја посети Малта во декември за да учествува на состанокот на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), објави денеска Ведомости, цитирајќи ја портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Тоа ќе биде прва посета на Лавров на која било земја од ЕУ откако Русија испрати десетици илјади војници во Украина во февруари 2022 година.

Амбасадата на Малта во Русија потврди за Ведомости дека одлуката да се одржи состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ на островот на 5 и 6 декември „се однесува на сите членки, вклучително и на Руската Федерација“.

„Делегациите на ОБСЕ се редовно информирани за напредокот на подготовките. Дополнителни практични детали, вклучително и покани, ќе бидат испратени до сите делегации на ОБСЕ во догледно време“, соопшти амбасадата.

На самит на ОБСЕ, Лавров беше и во Македонија пред речиси една година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четврти руски напад на Харков во една недела, четворица мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива