СДСМ: Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира

Од:

Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати од Пловдив, Бугарија. Медиумите јавуваат за поднесени нови пријави до ЈО како и за веќе завршени судски пресуди на директорки на јавни установи кои по кривична пријава од МВР се казнети затоа што приложиле сертификат од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“, велат од СДСМ.

– Станува збор за истото место и истото правно лице од каде што е и сертификатот на партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски.
За случаите со двете директорки, МВР постапило и воопшто не чекало да се изјасни Државната комисија за спречување на корупцијата туку реагирале. МВР и Тошковски и во случајот со Христовски треба да реагира на истиот начин. Да не чека туку неселективно да постапи по закон и да му поднесе кривична пријава за основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистината содржина“. И Јавното обвинителство мора да реагира, согласно своите надлежности да отвори истрага за утврдување на одговорност за скандалот со незаконското поставување на директор на АНБ. СДСМ поднесе иницијатива и бараме свикување на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР на којашто ќе биде поканет директорот на АНБ и ќе даде одговор на сите прашања и основани сомнежи, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните

СДСМ: Нова слика на Мицкоски – старо друштво

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски