Источниот фронт на Украина во Доњецк практично се распаѓа, изјави украинскиот генерал-мајор Дмитро Марченко.
Руските војници влегоа во градот Селидово, западно од градот Доњецк, и наскоро ќе го преземат целосно, рече тој. Во вторникот попладне руското Министерство за одбрана соопшти дека градот паднал во рацете на руските сили.
Footage shows Russia’s Tsentr Group of Forces claiming control of Selidovo in the People’s Republic.#RussiaUkraineWar #TsentrGroup #Selidovo #DonetskPR #MilitaryMovements pic.twitter.com/t2NdlwVKbn
— EndTimesReports (@EndTimesReports) October 29, 2024
„Сите знаеме дека не откривам никакви воени тајни кога велам дека нашиот фронт се распадна“, рече Марченко во видео интервју.
Марченко причината за оваа ситуација ја припиша на недостигот на оружје, муниција и војници.
„Војниците се уморни. Тие не можат да ја покријат целата линија на фронтот каде што се стационирани“, рече генералот, кој се прослави со успешно бранење на Миколаев и Херсон во јужна Украина на почетокот на војната.