Реал Мадрид очекуваше неговиот крилен играч Винисиус Јуниор (24) да ја добие наградата за најдобар играч во светот.
Сепак, Мадрид наводно од Манчестер Сити дознал дека „Златната топка“ оди кај Родри.
Разочарани од таа одлука, челниците на Реал Мадрид го откажаа патувањето на церемонијата во Париз на нивните педесетина претставници.
Шпански „Релево“ тврдат дека Винисиус убеден во освоеното признание, подготвувал голема забава на своите пријатели.
Наводно и по дебаклот во „Ел Класико“ против Барселона (0:4) се забавувал до зори и на сите им ветил скапи Ролекс часовници.
Сепак, на денот на доделувањето дознал дека ништо нема да излезе од тоа.
Претседателот Флорентино Перез потврди дека никој не сакал да му ги даде резултатите од гласањето однапред, што значело дека Родри имал шанса да го претекне.
Информациите потоа почнаа да се шират по „WhatsApp“ групите на Реал, а потоа стигнаа и до самиот Винисиус, кој беше целосно деморализиран поради тоа.
После тоа Реал го откажа патувањето во Париз, што е срам за клуб од вакво реноме.
Винисиус сакал да дојде во Париз придружуван од дваесетина луѓе и таму планирал да направи забава со повеќе од 100 гости.
На крајот се пропадна бидејќи Родриго ја доби престижната награда, а целата делегација на Реал остана во Мадрид.
Ќе видиме како овој дебакл ќе влијае на Винисиус подоцна во сезоната.
Нема сомнеж дека сега ќе биде уште поголема мета на противничките навивачи кои ќе се обидат да го попречат исмевајќи го, бидејќи често подлегнува на прозивките од трибините.