На преминот „Морина“ уапсен Косовец баран од македонските власти

Од:

На граничниот премин Морина, на албанско – косовската граница, уапсен е 38- годишен Косовец баран со меѓународна потерница издадена од властите на Северна Македонија, каде бил осуден на шест години затвор за дрога, соопшти албанската полиција.

Според полицијата, во соработка со службите на локалната полициска управа Кукс и како резултат на размена на информации со Интерпол Тирана, уапсен е Бурим Бајрами (38), жител на Гњилане, со цел екстрадиција во Северна Македонија.

– При проверките и разговорите во втор ред, на влез во државата, се покажа дека 38-годишниот маж е прогласен за меѓународен баран, откако Судот во Гостивар му изрекол шест години затвор за трговија со дрога. Од оваа казна му остануваат да одлежи околу една и пол година затвор, стои во соопштението.

Се додава дека Интерпол Тирана, во соработка со македонските колеги, ги спроведуваат процедурите за негова екстрадиција.

Би можело да ве интересира

И стави пиштол в рацете на малолетната ќерка, па бараше таа да пука во него

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

А1он