Откако беа доделени првите награди на доделувањето на „Златната топка“ во Париз, дојде време да се доделат и наградите за најдобар стрелец во светот, а таа награда ја поделија Килијан Мбапе и Хари Кејн.
Центарфорите на Реал Мадрид и Баерн Минхен минатата сезона постигнаа по 52 гола, со право го носеа епитетот најдобри напаѓачи во светот.
Мбапе во еден момент имаше и девет гола предност пред Англичанецот, но Кејн го претекна во преостанатиот дел од сезоната, па вечерва и тој доби место на подиумот.
„Му благодарам на Баерн и на сите луѓе од клубот кои ми помогнаа да го освојам овој трофеј. Почестен сум затоа што добив награда која го носи името на легендарниот фудбалер, славниот Герд Милер“ – изјави Кејн.
Joint-winner of the 2024 Gerd Müller Trophy 🏆
Congratulations, @HKane! 👏 pic.twitter.com/j4Pv0FbFRU
— England (@England) October 28, 2024
Килијан Мбапе вечерва не беше на доделувањето на наградата поради бојкотот на Реал Мадрид.