Мицкоски телефонски разговарал со Борисов, уверен е дека Бугарија ќе формира стабилна влада

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал телефонски разговор со Бојко Борисов, лидер на Десничарската партија ГЕРБ која освои најмногу гласови на парламентарните избори во Бугарија, при што изразил уверување дека ќе се формира стабилна влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија.

– Денес остварив искрен и пријателски телефонски разговор со господинот Бојко Борисов, на кој со задоволство му ја честитав победата на сестринската партија ГЕРБ на парламентарните избори во Бугарија. Во текот на разговорот изразив уверување дека ќе се формира стабилна Влада на десниот центар во Бугарија, која ќе даде придонес во отстранувањето на пречките што го успоруваат македонскиот пат кон Европската Унија. Верувам дека само со заеднички напори и дијалог можеме да градиме подобра иднина за сите граѓани на нашите две земји, напиша премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Тој очекува дека македонско-бугарските односи ќе продолжат да се развиваат во позитивен и продуктивен правец, водени, како што вели, од почит и разбирање, за доброто на сите нас.

Би можело да ве интересира

Уште нема одговор на барањето за средба од Софија

А1он

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот