Во денешниот напад во Австрија е убиен градоначалникот на општина Кирхберг, Франц Хофер, поради што полицијата започна голема потрага по напаѓачот, чиј идентитет е откриен.
Како што е потврдено за Кроне, напаѓачот е во бегство.
На местото на убиството се испратени сите полициски единици. Исто така, алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството пристигнаа и блиндирани полициски возила.
Убиецот, за кој се претпоставува дека е ловец, кој бил на нива или во шума, откако пукал избегал во непознат правец.
Според првите информации, итната помош била известена за пукањето во 8 часот и 30 минути и оттогаш е во тек потрагата по убиецот. Полицијата првично потврди само неодреден инцидент со огнено оружје.