Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Од:

Претседателот на Централната изборна комисија на Грузија, Ѓорѓи Каландаршвили денеска соопшти дека владејачката партија во таа земја „Грузиски сон“ на парламентарните избори освоила 54,08 отсто од гласачите.

Според него, обработени се податоци од 3.100 избирачки места од вкупно 3.111.

„Останатите неколку избирачки места се наоѓаат во странство, а информациите ќе бидат ажурирани кога податоците ќе станат достапни“, рече Каландаришвили, пренесува руски Интерфакс.

Тој посочи дека покрај Грузискиот сон, на цензусот поминале и Коалицијата за промени со 10,92 отсто од гласовите, Обединетото национално движење со 10,12 отсто, Силна Грузија со 8,72 отсто и За Грузија со 7,76 отсто од гласовите.

Лидерот на партијата Грузиски сон, Мамука Мдинарадзе изјави дека партијата го освоила парламентарното мнозинство добивајќи околу 90 мандати.

Опозицијата исто така прогласи победа, тврдејќи дека е на пат да освои мнозинство.

Коалицијата за промени во саботата вечерта, откако Централната изборна комисија ја прогласи победата на Грузискиот сон, објави дека нема да ги признае изборните резултати и најави почеток на улични протести од денеска.

Владејачкиот Грузиски сон се залага за подобри односи со Руската Федерација, додека четирите најголеми опозициски партии се проевропски.

Според руската агенција, тие четири партии ќе можат да формираат влада доколку заедно освојат повеќе од 50 отсто од гласовите.

Пред објавувањето на резултатите, излезната анкета на Формула покажа дека владејачката партија ќе биде единствената најголема партија, но дека четирите главни опозициски партии заедно ќе имаат 83 од 150 места.

Ројтерс јавува дека четирите опозициски партии се длабоко поделени и дека потенцијалната соработка останува неизвесна.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он