(ВИДЕО) Изборен хаос во Грузија – насилство се шири низ улиците, објавено е видео од масовна тепачка и раскрвавен опозиционер

Од:

Насилството изби денеска на неколку избирачки места во Грузија, додека граѓаните гласаа на изборите кои се сметаат за клучни во оваа јужнокавкаска земја, бидејќи тие би можеле да ја одредат судбината и курсот на земјата – кон интеграција со Западот или свртување кон Русија.

Владејачката партија Грузиски сон, која направи остар авторитарен пресврт во последниве години и го запре напредокот на земјата кон потенцијално членство во Европската унија, се кандидира за реизбор, со четири прозападни опозициски блока пред неа.

Активистите и групите набљудувачи споделија снимки на социјалните мрежи за кои велат дека се вметнати гласачки ливчиња на избирачко место во Марнеули, јужна Грузија, јавува „Си-Ен-Ен“.

Друго видео покажува човек, идентификуван во локалните медиуми како Азад Каримов – шеф на регионалната организација на опозициската партија Обединето национално движење (УНМ) – како е нападнат од неколку мажи пред гласачко место во Марнеули. На фотографиите Каримов е со крвав нос и расекотини на лицето.

– Не тепаа, плукаа по нас, не пцуеја – изјави Гела Мтивлишвили, еден од набљудувачите на избирачкото место Ахмет во источна Грузија, пренесува „Политико“.

– Претходно на друго избирачко место бевме сведоци како координаторот на партијата Грузиски сон дава пари на гласач – рече таа.

Право на глас имаат околу 3,5 милиони гласачи, а за влез во парламентот со 150 пратенички места потребно е да се помине изборниот праг од 5 проценти.

– Ова е денот што ќе ја одреди иднината на Грузија – изјави претседателката на земјата Саломе Зурабишвили по гласањето, пренесе Ројтерс.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он

Интеграцијата во ЕУ останува приоритет на владата на Грузија, тврди премиерот Кобахидѕе

А1он

Песков: Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Парламентарни избори во Грузија, одлучувачки за европската иднина на земјата

А1он