Враќањето на Балотели во Серија А – прашање на денови

Од:

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели и претставниците на Џенова ги финализираат преговорите, па наскоро „Супермарио“ повторно ќе го видиме на терените во најсилната италијанска лига.

Веќе извесно време двете страни се во преговори, а според одредени добро информирани локални медиуми приказната полека привршува и официјализирањето на соработката треба да се случи во следните неколку дена.

Балотели треба да го потпише договорот до крајот на јуни следната година.

Џенова ќе биде неговиот 13 клуб во шарената кариера.

Воедно ова ќе биде негово враќање во најсилната италијанска лига по пет години кога го носеше дресот на Бреша, клубот од неговиот роден град.

Нема сомнеж дека тренерот на Џенова, Алберто Џилардино ќе добие искусен голгетер со извонреден талент и магнет за навивачите ширум Апенините.

На Џеновјаните ќе им треба докажан напаѓач за да излезат од непријатната позиција во која се сега – моментално се на 18-то место на табелата со само една победа од осум натпревари.

Би можело да ве интересира

Навивачите на Реал Мадрид со расистички навреди за Ламине Јамал по голот во Ел Класико

ВИДЕО: Илија Топурија брутално го нокаутира Макс Холовеј

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Навивачите му го свртеа грбот на Клоп: „Дали си луд?“

Предраг Петровиќ