Израелците објавија видео: На него се гледа како изгледа почетокот на нападот врз Иран

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео и фотографии на кои се гледаат борбени авиони Ф-15 и Ф-16 кои извршија напад на Иран.

Снимките покажуваат некои од четирите женски пилоти во ескадрилите на израелските воздухопловни сили кои учествуваа во операцијата.

Според војската, десетици авиони на израелските воздухопловни сили, вклучувајќи борбени авиони, танкери со гориво и шпионски авиони, учествувале во нападите на приближно 1.600 километри од Израел.

Авионите безбедно се вратија во Израел по „сложена операција“, соопшти претходно ИДФ.

Си-Ен-Ен претходно ја објави изјавата на неименуван висок функционер на Соединетите Американски Држави дека израелскиот напад врз Иран бил многу внимателно подготвен.

„Нападот беше обемен, многу насочен и прецизен. Беше против воени постројки низ Иран. Беше внимателно подготвен на многу начини. Мислам дека беше дизајниран да биде многу ефикасен“, рече споменатиот извор.

Израелските власти соопштија дека цел биле иранските системи за противвоздушна одбрана и капацитетите за производство на ракети.

Нападот се случи откако Иран на почетокот на месецов истрела ракети кон Израел, кој најави дека нема да помине без нивна реакција.

Би можело да ве интересира

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

САД воведоа нови санкции кон Иран

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници