(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

Од:

Русија вечерва со дрон погоди повеќекатната станбена зграда во Киев, предизвикувајќи пожар на првите катови од таа зграда.


Шефот на воената администрација Сергеј Попко изјави дека пожарот се проширил на неколку станови во таа зграда, која се наоѓа западно од центарот на градот и додаде дека итните служби се на терен, пренесува Ројтерс.

Виталиј Кличко на социјалната мрежа Телеграм објави дека пожарот гори на првите катови од зградата во областа Солмјанск, додека на сликата објавена на социјалните мрежи се гледа таа зграда опкружена со чад.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

Путин: Украинските сили во Курск не разбираат дека се опколени

Горан Наумовски

Шолц: Украина не може да влезе во НАТО додека е во воена состојба

Зеленски: Русија планира да распореди севернокорејски трупи во борбените зони на 28 октомври

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“