Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко-босови

Од:

Скандалозните помилувања на криминалци и нарко босови власта се обидува да ги заташка со апсење на веќе помилуваниот бос на кланот Барон и со класичен театар пред јавноста.СДСМ наостро ја осудува оваа фарса на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Сиљановска-Давкова. Наместо одговорност за скандалозните помилувања, ДПМНЕ и Сиљановска се обидуваат со театрални потези да го смират гневот на јавноста и да избегнат од одговорноста, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Претседателката лично ги потпиша одлуките за помилување на криминалци и членови на нарко-кланови, лица кои беа осудени за тешки кривични дела. Ако згрешиле членовите на комисијата за помилување, зошто Сиљановска не ги разреши? Таа не може да се крие зад Комисијата за помилување. Сиљановска го има последниот збор, таа ја носи одлуката и затоа мора да одговори зошто ги ослободува овие лица. Несериозни се изјавите дека не знаеле кого помилуваат, тоа е навреда за граѓаните и потценување на нивната интелигенција. Еден од помилуваните, поврзан со нарко-кланот „Барон“ вчера беше уапсен веднаш по неговото ослободување под сомнение за обид за убиство. Очигледно МВР на овој начин се обидува да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука. Власта на ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во дил со криминални структури со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните. Сиљановска-Давкова има обврска да излезе пред граѓаните и да ги презентира сите информации, документи и мислења, на Комисијата, на Министерството за правда, на сите кои и биле презентирани и да одговори на клучното прашање: Зошто токму овие лица, опасни криминалци беа изборот да се помилуваат, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски