Во израелски напад врз училиште во палестинскиот бегалски камп Нусејрат во Газа, загинаа 16 лица, меѓу кои и четири деца.
Раселените Палестинци се сместени во тоа училиште, во централниот дел на Газа, а според Ал Џезира, повеќе од една ракета ја погодила таа област. Според палестинската агенција ВАФА, локалните здравствени власти потврдиле дека бројот на палестинските жртви во израелските напади од 7 октомври минатата година се зголемил на 42.847, додека 100.544 лица се повредени, а повеќето од жртвите се жени и деца.
Според истите извори, итните служби сè уште не можат да стигнат до многуте жртви и мртви тела под урнатините или расфрлани по патиштата низ енклавата разурната од војната, а израелските сили продолжуваат да го попречуваат движењето на амбулантите и тимовите за цивилна заштита.