Ново задолжување од 74 милиони евра, издадени три државни обврзници

Од:

Македонска берза објави дека согласно поднесени барања од страна на Министерството за финансии за котација на државни обврзници, почнувајќи од денеска на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државни обврзници во вкупна вредност од 4.536.450.000 денари.

Според објавата од Берзата, со првата емисија се опфатени 139.380 обврзници во вредност од 1.393.800.000 денари, со датум на издавање 19 септември годинава и доспевање на 19 септември 2027 година, а каматна стапка од 3,95 проценти. Втората емисија, исто така со датум на издавање на 19 септември година, е со 119.190 обврзници во вредност од 1.191.900.000 денари, со каматна стапка од 5,6 проценти и датум на доспевање 19 септември 2039 година. Третата е за 195.075 обврзници во вредност од 1.950.750.000 денари, со каматна стапка од 5,6 проценти, со датум на издавање од 10 октомври годинава и рок на доспевање од 10 октомври 2039 година.

Би можело да ве интересира

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

Левица: Нови 394 милиони евра задолжувања во првите два месеци

Мнозинството Американци живеат „од плата до плата“

Стојаноски: Власта до крај на годината ќе се задолжи за нови 500 милиони евра, долгот ќе достигне 8.5 милијарди

Претседателката на КХВ, Нора Алити: Со изолација не може да се постигне доверба и интегритет на пазарот на капитал

Горан Наумовски

Британија во ноември позајми рекордни 22 милијарди фунти

Горан Наумовски