„Политико“: Балансирање на Вучиќ меѓу Истокот и Западот – европски „љубовен“ триаголник

Од:

Одлуката на претседателот на Србија – Александар Вучиќ да се сретне со највисоките лидери на ЕУ, наместо да присуствува на самитот на БРИКС организиран од рускиот претседател Владимир Путин, не треба да се толкува како знак на лојалност кон Европската унија, туку како дел од неговата стратегија за балансирање меѓу Западот и Истокот, пишува бриселскиот портал „Политико“.

„Политико“ потсетува дека Вучиќ денеска во Белград ќе ги пречека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и полскиот премиер Доналд Туск, со кои ќе разговара за можното членство на Србија во ЕУ и додава дека гости на Вучиќ се лидерите на десноцентристичката Европска народна партија (ЕПП) каде што неговата Српска напредна партија е придружна членка.

„Политико“ пишува дека Србија, иако не е членка на БРИКС, била поканета на самитот, но Вучиќ по долго двоумење решил да не присуствува, наведувајќи ја како причина посетата на Туск и Мицотакис, како и тоа што претседателот на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен ќе пристигне во петок во Белград за да ги промовира инвестициските планови на ЕУ во регионот.

Бриселскиот портал оценува дека Вучиќ нашол „златна средина“ и дека, бидејќи ширум ЕУ се повеќе се избираат евроскептични и пријателски настроени влади кон Русија, тој можеби нема да мора толку да се труди да балансира меѓу Истокот и Западот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ

Вучиќ: Србија е сцена на хибридна војна на странски служби

А1он

Вучиќ: Не знаат како да победат, па политичките губитници ја навредуваат мајка ми

А1он