Средби на Попоски со министрите за надворешни работи на Албанија и Тајланд

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски во Њујорк се сретна со своите колеги од Албанија и Тајланд, Дитмир Бушати и Сурафонг Товијакчаикун.

Како што соопшти МНР, на вчерашната средба на министерот Попоски албанскиот колега Дитмир Бушати, беше потврдена позитивната билатерална соработка и во контекст на нејзино натамошно зацврстување, двајцата министри се договорија да се одржи заедничка седница на Владите, на која би биле договорени проекти од заемен интерес на двете земји.

Продлабочувањето на трговската и економската соработка и забрзувањето на реализацијата на тековните проекти од патната, железничката и енергетската инфраструктура беа потврдени како приоритет во односите на двете земји.

Воедно, во контекст на заемните добри односи, министерот Бушати ја повтори поддршката за членство на Република Македонија во НАТО Алијансата.

Министерот Никола Попоски вчера оствари средба и со министерот за надворешни работи на Кралството Тајланд, Сурафонг Товијакчаикун.

Притоа, Попоски потенцираше дека постои голем интерес за јакнење на трговската размена со Тајланд и зголемување на тајландските инвестиции во Република Македонија, како и интензивирање на политичката соработка преку одржување на редовни средби на највисоко државно и владино ниво.ж

Двајцата министри најавија дека во  најскоро можно време би требле да потпишат договор за заштита на инвестициите и други договори со кои би можело да се стави поцврста правна рамка за трговската размена помеѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија