(ВИДЕО) Кузеска: Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски

Од:

Шокантни се скандалозните помилувања од страна на претседателката Сиљановска Давкова. Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога. Најшокантно е помилувањето на припадници на криминалниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на познатиот Шенки, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– За дел од помилуваните има основани индиции дека се вмешани и во други кривични дела и криминални пресметки, како што беше пукањето во Чаир. Помилувани се и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски кој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“. Со овие скандалозни одлуки Давкова застана во заштита на криминалците и нарко клановите.

Ова е погазување на правото и правната држава. Ова е силен удар врз безбедноста на граѓаните и врз работата на полицијата и надлежните институции. Сето ова се случува во време кога се загрозува безбедносниот систем и со партизација на Агенцијата за национална безбедност. Осудени криминалци треба да се соочат со правдата а не да шетаат слободно и да хараат по улиците.

Во услови кога на улиците има зголемени криминални пресметки, овие помилувања дополнително ќе ги охрабрат криминалците со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните. Давкова го поткопува владеењето на правото и даваат сигнал дека секој што е под заштита на власта може да прави што сака. Клучното прашање е зошто Давкова ја носи оваа скандалозна одлука? Дали власта има дил со криминалните структури кои се ставаат во нивна служба на овој начин? Ова е скандал од огромни размери и со сериозни последици за безбедноста на граѓаните. СДСМ бара претседателката Силјановска Давкова веднаш да ја повлече скандалозната одлука – вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните