Руското Министерство за надворешни работи било цел на сајбер напад, изјави денеска портпаролката на тоа министерство Марија Захарова.
Захарова нагласи дека прес-конференцијата која била планирана морала да се одложи поради тој инцидент, пренесе Интерфакс.
„Поради голем сајбер напад на интернет платформите на Министерството, конференцијата ќе се одложи“, рече Захарова.