(ВИДЕО) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во бункер под болница, нема да ја гаѓаме

Од:

Одбранбените сили на Израел (ИДФ) декласифицираа разузнавачки информации за финансиските центри на Хезболах.

Израел ја прошири својата кампања против Хезболах во неделата вечерта, започнувајќи серија напади за да ја поткопа способноста на групата да ги финансира своите операции. „Израелските воздухопловни сили извршија серија прецизни напади врз финансиските упоришта на Хезболах“, изјави контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на ИДФ.

„Една од нашите главни цели минатата ноќ беше подземен трезор со десетици милиони долари во готовина и злато. Парите беа искористени за финансирање на нападите на Хезболах врз Израел“, додаде тој, без да прецизира дали сите пари биле уништени во нападот.

Тој, исто така, спомна посебен бункер под болницата во главниот град Бејрут, која, исто така, наводно е полна со готовина и злато. Тој нагласи дека бункерот сè уште не бил цел на ИДФ. „Според проценките што ги имаме, во овој бункер се чуваат најмалку половина милијарда долари во банкноти и злато. Овие пари може и се уште можат да се користат за обнова на државата Либан“, рече Хагари.

Тој презентираше мапа на која е прикажана локацијата на бункерот, под болницата Ал-Сахел во јужното предградие на Бејрут, познато како Дахије, каде главно е стациониран Хезболах. Тој ги повика либанските власти и меѓународните организации да го спречат Хезболах да користи „пари за тероризам и напади врз Израел“ и предупреди дека израелските воздухопловни сили го надгледуваат комплексот.

Тој посочи дека Израел е во војна со Хезболах, а не со либанскиот народ, најавувајќи дека ИДФ нема да ја нападне болницата. Генерал-полковник Херзи Хелеви, началник на Генералштабот на ИДФ, објави дека биле погодени повеќе од дваесет цели на Ал-Кард Ал-Хасан, финансиска компанија поврзана со Хезболах.

Ал-Кард Ал-Хасан е финансиска компанија, официјално регистрирана како добротворна организација, која на клиентите им нуди заеми во замена за депозити во злато на бескаматна основа од 1980-тите. Израел го обвинува Хезболах дека преку споменатата компанија заработува пари од либански цивили.

САД долго време ја санкционираат компанијата, обвинувајќи го Хезболах дека ја користи како фронт за да ги скрие своите финансиски активности и да добие пристап до меѓународниот финансиски систем.

Би можело да ве интересира

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Хезболах: Од САД пристигна предлог за прекин на огнот, продолжувањето на преговорите зависи од Израел

Кац: Израел инсистира на правото да дејствува воено против Хезболах во секој договор