Двајцата вработени во ЗОО Скопје кои беа тестирани немаат птичји грип

Од:

Двајца вработени во скопската Зоолошка градина, кои пројавиле симптоми, се негативни за птичји грип, информираа попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од Институтот појаснуваат дека направени биле епидемиолошки анкети на 16 лица, според список на Зоолошката градина.

– На ден 21 октомври, согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделението за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, што е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека еден ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО, кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но, на ден 21 октомври се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми, се наведува во соопштението.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

По угинување на гуска во езерцето во скопската Зоолошка градина потврден е случај на присуство на високопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1. ИЈЗ излезе со препораки до граѓаните за заштита

Би можело да ве интересира

Од денеска повторно може да се оди во скопската Зоолошка градина

Зоолошката градина повторно ќе работи од сабота

Советот на Град Скопје не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во ЗОО Скопје

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

АХВ: ЗОО Скопје иако детектирало угинато животно, не постапила по законски процедури

Горан Наумовски