Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Од:

Министерството за одбрана на Данска објави дека земјата одобрила нов пакет воена помош за Украина од 2,4 милијарди круни (350 милиони долари).

Ова е 21-ви пакет воена помош на Данска од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, а Копенхаген претходно во август и обезбеди на Украина пакет воена помош вреден околу 115 милиони долари, објави Киев Индипендент.

Најновиот пакет помош за Киев вклучува оружје од данските залихи, финансирање за систем за противвоздушна одбрана со Германија и придонеси за Меѓународниот фонд за Украина (IFU) предводен од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности