Харис: Трамп нема доволно сила за нов мандат во Белата куќа

Од:

Демократската кандидатка Камала Харис ја доведе во прашање способноста на нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп (78) повторно да ја преземе претседателската функција, по извештаите дека тој ги откажува интервјуата.

„Ако не може да се справи со обврските од кампањата, дали е способен да ја заврши работата? Трамп не е соодветен за функцијата“, рече Харис (59) за Трамп на присутните на петочниот митинг во Гранд Рапидс, Мичиген.

Насобраните изразија загриженост за политиката на Трамп кога се во прашање правата на жените, вклучително и абортусот, пишува Гардијан.

Поранешниот претседател се обиде да се дистанцира од екстремно десничарската фондација Херитиџ, чиј план за Проект 2025 предвидува масовни отпуштања на владини службеници и ја отфрла идејата за целосна забрана на абортусот за време на вториот мандат на Трамп во Белата куќа.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Трамп повторно повика на разговори за можноста САД да го купат Гренланд

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп