Франција: Ако Северна Кореја испрати војници во војна, тоа е сериозна ескалација

Од:

Вклучувањето на севернокорејските редовни трупи за поддршка на руската инвазија на Украина би претставувало сериозна ескалација на војната, изјавија министрите за надворешни работи на Франција и Украина на заедничката прес-конференција.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро е во прва посета на Украина по преземањето на функцијата во септември, а треба да ја посети источна Украина, каде Франција гради два нови центри за заштита на децата погодени од војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот ја обвини Северна Кореја дека и ги предала своите офицери на Русија и се подготвува да испрати 10.000 војници да и помогнат на Москва во нејзината војна во Украина.

Новиот шеф на НАТО Марк Руте изјави дека засега нема докази за вмешаност на Пјонгјанг на терен. Според францускиот министер, „тоа би претставувало сериозна ескалација и би го турнало конфликтот во нова, понатамошна ескалација фаза“.

Баро оценува и дека тоа би било знак дека Москва се бори со оваа војна.

Украинскиот министер Андриј Сибиха изјави дека ризикот од ескалација на војната поради потезите на Северна Кореја е многу висок.

„Тоа е огромна закана од натамошна ескалација на руската агресија врз Украина. Постои голем ризик војната да го надмине сегашниот опсег и да се прелее преку границите“, рече Сибиха.

Би можело да ве интересира

Русија изврши нов голем воздушен напад врз Украина

Горан Наумовски

Русите уништија 16 украински беспилотни летала

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки