Маж (59) осомничен за убиство на 65-годишна жена во Австрија се забарикадирал во зграда, поточно подрумски тунел и активирал експлозивна направа од која повредил полицаец.
Тој се здоби со тешка повреда и моментално е на операционата маса, но неговиот живот не е во животна опасност.
Несреќната жена била пронајдена во лозјата во петокот на територијата на општина Зистерсдорф. Таа имала убодна рана во вратот и починала на лице место, соопшти полицијата и даде детали за убиецот.
„Тој е општо опасна личност. Веќе и е познат на полицијата за прекршоци поврзани со огнено оружје и експлозиви“, соопштија од полицијата.
Во акцијата биле вклучени 120 полицајци, меѓу кои и припадници на специјалната единица Кобра и експерти за експлозиви.