Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Од:

Секое трето дете во Република Македонија живее во сиромаштија – ова го потврди извештајот на УНИЦЕФ којшто беше објавен вчера, по повод 17 октомври – Меѓународен ден за борба против сиромаштијата. Извештајот содржи фрапантни податоци, огромен број на деца во државава се без здравствена заштита, топол оброк, обувки и облека, велат од Левица.

„Енормниот раст на цените на основните прехранбени продукти, високата стапка на невработеност, високите цени во градинките, минимална плата која не е ускладена со инфлацијата се само дел од причините за ваквиот исход. Условите за стекнување на детски додаток се престроги и ретко кој може да го оствари ова право.

Од друга страна, пак, функционерите, оние кои треба да се борат за социјална правда и благосостојба на сите граѓани, а со тоа и на децата, трупаат енормни приходи, недвижнини и акумулираат милионски суми на име патни и други нерационални трошоци. Додека во анкетните листови ги прикриваат имотот со кој располагаат, фирмите во странство и огромните профити, јавноста ја убедуваат дека државата не може да одвои повеќе средства за социјални политики, целосно бесплатно образование, бесплатни градинки и оброци за децата во воспитно – образовните установи.

Македонија по Устав е социјална држава, но дивиот капиталистички систем на управување и алчноста на политичките елити, целосно ја занемаруваат оваа определба на уставотворецот. Ја повикуваме Владата под итно да изнајде решение за кратење на нерационалните трошоци на функционерите и нивна пренамена за сузбивање на детската сиромаштија. Држава во која секое трето дете живее во сиромаштија, неопходно треба да спроведе даночна реформа, да изврши прераспределба на буџетските средства и да овозможи еднакви можности и пристоен живот за секое дете“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица на Економскиот форум во Владивосток: Македонија мора да ги препознае можностите на новиот мултиполарен свет

А1он

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Левица: Вирусот од западнонилска треска не исчезнува затоа што ДПМНЕ престана да објавува неделни извештаи

А1он

ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

A1on

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

(ВИДЕО) Станкоска: Орце Ѓорѓиевски против жртвите на семејно насилство вети дека ќе обезбеди субвенции за кирии, па ги исфрли од ребалансот

Горан Наумовски