ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци

Од:

СДС е синоним за партизација на се што е државно и на граѓаните. СДС додека беше на власт постави партиски и некомпетентни кадри на клучни позиции во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР). СДС во целост ја партизираше Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање за време на своето владеење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Виктор Димовски, партиски функционер, СДС го постави на чело на АНБ. Димовски имаше активна улога во структурата на СДС и се поврзува со сериозни безбедносни и дипломатски скандали. Еролд Муслиу, кој раководеше со АР, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи ја својата позиција. СДС изврши партизација и во УБК, кога го постави Миле Зечевиќ, и по истиот пат по кој стана партиски функционер, беше назначен за генерален секретар.

За разлика од бесмислените партиски назначувања на СДС, ВМРО-ДПМНЕ става акцент на професионализмот. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на интегритетот во безбедносните служби, и поставување на функционер кој ќе работи на заштита на државните интереси и независноста на службите.

Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ, НЕ ја продолжува практиката на партиска контрола над безбедносните служби. Професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи. Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот, а не само како инструмент за партизација“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Горан Наумовски