Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Од:

Новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте изјави денеска во Брисел дека Алијансата ќе продолжи да дава поддршка за Украина и дека Русија греши ако мисли дека НАТО ќе се измори да дава помош.

„Рускиот претседател Владимир Путин би бил погрешно советуван ако мисли дека ќе се откажеме од помагањето на Украина, ќе продолжиме да го правиме тоа се додека е потребно“, рече Руте на прес-конференција по дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО.

Во рамки на тој состанок, вчера вечерта се одржа состанок на Советот НАТО-Украина, на кој украинскиот претседател Володимир Зеленски го претстави својот победнички план за ставање крај на војната.

Првата точка од овој план е поканата за членство на Украина во НАТО. На прашањето кога Украина може да смета на покана, Руте избегна одговор и посочи дека Украина дефинитивно ќе биде членка еден ден, прашање е само кога тоа ќе се случи.

„Но, тоа не беше главниот фокус на синоќешната дискусија, главната тема беше како да се осигураме дека никој во Москва не мисли дека ќе забавиме во помагањето на Украина, туку дека сакаме да го зголемиме нашето индустриско производство, да и помогнеме на украинската одбранбена индустрија“, рече генералниот секретар.

Руте предупреди дека иако Русија останува главна безбедносна закана за сојузниците, НАТО ќе продолжи да ги модернизира своите капацитети и да спроведува заеднички вежби за да обезбеди дека нејзините конвенционални и нуклеарни капацитети остануваат силни.

Тој посочи дека Путин се повеќе прибегнува кон неодговорна реторика, велејќи дека „Москва може да биде гласна, но НАТО е силен“. Руте рече дека во овој момент не може да ги потврди информациите според кои севернокорејски војници биле испратени да им помогнат на руските сили во Украина.

„Во овој момент, нашиот официјален став е дека не можеме да потврдиме дека Севернокорејците се активно вклучени како војници во воените напори, што секако е предмет на промена“, рече генералниот секретар.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Русите ja враќаат територијата во Курск

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк