(ВИДЕО) Бајден му честиташе на Нетанјаху за убиството на лидерот на Хамас: Ова е добар ден за светот

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден, коментирајќи го израелскиот атентат врз лидерот на Хамас, Јахја Синвар, рече дека „време е оваа војна да заврши и заложниците да се вратат дома“.

Бајден најави нова посета на државниот секретар Антони Блинкен на Израел. Бајден рече дека му се јавил на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да му честита за операцијата, но исто така ја истакнал важноста да се стави крај на конфликтот.

„Време е оваа војна да заврши и заложниците да се вратат дома. Тоа е она што сме подготвени да го направиме“, рече Бајден, додавајќи дека мора да се преземат чекори за да се обезбеди прекин на огнот во Појасот Газа.

Претходно, Бајден во кратка изјава за медиумите порча: Ова е добар ден за светот.

Бајден најави дека државниот секретар Блинкен наскоро ќе отпатува во Израел за да разговара со своите израелски колеги за најновата ситуација и процесот на постигнување прекин на огнот.

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, синоќа потврди дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е убиен во напад на Појасот Газа. Синвар беше долгогодишен лидер на Хамас, поставен на чело на движењето во јули по атентатот на поранешниот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техеран.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху предупреди: Ова не е крај

А1он

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он