Алијанса за Албанците: Власта се предаде, паднаа лагите, а саботажата на Коридорот 8 пропадна

Од:

Алијансата за Албанците ја поздравува посветеноста на официјален Брисел и на меѓународниот фактор воопшто, за враќање на агендата на Коридорот 8 како важен проект за земјата и регионот.

„Благодарение на внатрешниот притисок и на европските пријатели, се разоткри измамата на Владата дека наводно нема трасеа, дека патот завршува во тунел кој не води никаде, дека нема проектирање и други празни оправдувања. Го цениме како важен цврстиот став на Брисел кој донесе будење на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на проектот Коридор 8. Како што кажавме од почетокот, обидите на оваа проруска влада да ја оддалечи земјата од Запад се предодредени да пропаднат. Заедно со нашите сојузници нема да дозволиме да пропаднат напорите низ годините за евроатлантските интеграции на земјата и на целиот регион. Со заедничка посветеност на прогресивните сили, заедно со граѓаните ќе ја реализираме нашата визија и ќе ги спречиме другите зли проекти на оваа моноетничка и нелегитимна Влада“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието

A1on

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

АА: Проектот „Безбеден град“ отвора сериозни правни и уставни прашања

АА обвинува: Новата систематизација на МВР ги загрозува Струга, Дебар и Кичево

Горан Наумовски

Алијансата за Албанците: Скандал во државното претпријатие МЕПСО

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он